Холанѓаните ги одложија сите денешни фудбалски натпревари, еден од Првата лига и сите 8 од Втората лига, а колку е опасно невремето и силниот ветер што дува со брзина од околу 90 километри на час е презентирано со кровот на стадинот во Хаг.
Ден Хаг требаше да му гостува на Ајндховен на меч од Втората лига, вечерва од 20 часот, но второлигашот сега има поголем проблем.
И буквално им се распадна кровот на стадионто „Карс џинс“ од налетите на силен ветер и сега ќе треба да размислуваат за реновирање.
Het dak van het stadion van ADO Den Haag waait los door de storm. pic.twitter.com/CdEBjV4G5X
— Den Haag FM (@DenHaagFM) February 18, 2022
Поради невреме одложени се и неколку натпревари од пониските лиги во Германија и мечот од Чемпионшип лигата во Англија меѓу Борнмут и Нотингем форест.