Роман Абрамович со официјално соопштение на клупската страница на Челзи потврди дека ќе го продаде клубот и најави дека сите пари од продажбата ќе ги намени за жртвите во војната што се води во Украина.
„Му дадов инструкции на мојот тим од хуманитарната фондација да го води клубот до продажбата. Се повлекувам и сите пари од продажбата на клубот ќе бидат наменети за семејствата на жртвите во војната во Украина. Ова е тешко време, но не ми е тешко да донесам одлука парите да ги дониранм на тие што им се најпотребни. Ми е жал што на ваков начин се разделувам со Челзи, но тоа е најдоброто решение во моментов“, пишува во соопштението на Абрамович.
На самиот почеток на инвазијата на Русија во Украина му беше забрането да влезе во Англија и беше означен како еден од 30-те руски олигарси што се блиски и го поддржуваат Владимир Путин.
Највено е дека Роман ќе бара околу 2,4 милијарди евра за да го продаде Челзи, а веќе има и заинтересирани купци.
Еден од нив бил швајцарскиот милијардер Хансјерг Вајс, чие богатство се проценува на неверојатни 5,8 милијарди долари, а информацијата ја потврди и самиот бизнисмен.