Бројките на Челзи во времето на Роман Абрамович се зачудувачки!

Рускиот тајкун Роман Абрамович нема да има можност да прослави 20 години од доаѓањето во Челзи. Поради руските напади врз Украина, Абрамович е принуден да го продаде клубот кој успеа да го направи еден од најуспешните во англиската историја.

Абрамович го стави Челзи на продажба, и тоа како актуелен европски и светски првак. Едноставно, рускиот милијардер го направи лондонскиот клуб да биде респектиран од секого во светот.

Кои се бројките во Челзи за времето на Роман Абрамович како газда?

2,1 милијарди фунти потрошени за доведување нови играчи;

1,16 милијарди фунти заработени од продадени играч;

15 менаџери го водеа клубот во претходните 19 години;

1.449 бодови освои Челзи во Премиер лигата откако Абрамович застана на чело во 2003 година;

21 освоен трофеј;

5-пати Челзи беше англиски првак;

2-пати лондонскиот тим ја освои Лигата на шампионите;

5 освоени ФА трофеи;

3 титули во Лига купот;

2 пехари од натпреварите во Лигата на Европа;

2 Комјунити шилд трофеи;

1 Супер куп на Европа;

1 Светска клупска титула.

- Оглас -

Најнови вести