Покетино: ПСЖ е подобар тим, не знам како ВАР не се огласи при првиот гол на Реал

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, како главен виновник за елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите го посочи ВАР-системот. Според Покетино, Карим Бензема направил фаул врз голманот Џанлуиџи Донарума во акцијата по која Реал го даде првиот гол.

„Кога ќе примите гол каков што ние го примивме првиот, целата ситуација се менува. Се менува мечот, се менува атмосферата на стадионот. Навивачите на Реал му дадоа дополнителна сила на тимот. Неверојатно е дека судиите не ја прегледуваа снимката при првиот гол на Реал, кога Донарума беше фаулиран. Тоа беше чист прекршок и тоа може да се забележи од секој агол. Не можам да верувам дека ВАР не реагираше“, рече Покетино, кој беше видно разочаран по елиминацијата од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести