Комбинирајте во англиските ниски лиги за високи добивки

1024 Плимут – Челтенам (20:45 ч.)

Плимут е тимот што е во најдобра форма во моментов во Лига 1 во Англија. Екипата има пет победи во низа и вкупно осум победи во последните 10 кола, па не случајно се замеша во горниот дел од табелата.

Плимут е еден од најдобрите домаќини и има дури 12 победи во 19 средби, а само четирипати загуби. Во есенскиот дел од првенството, Плимут на гости со 2:0 го победи Челтенам, па сега дома е фаворит за нови три бода.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

1039 Олдхам – Сутон (20:45 ч.)

Олдхам е тим кој се бори за опстанок во четвртата англиска лига и самото тоа зборува дека се работи за состав со слаб квалитет. Сутон е во средината на табелата и тим кој игра отворено, со многу голови.

Есеноска Олдхам победи со 2:1, но во последните шест кола оваа екипа освои само два бода.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

1040 Рочдејл – Мансфилд (20:45 ч.)

Рочдејл е една од екипите со најмногу нерешени резултати сезонава во Европа. Дури 16 пати овој тим одиграл без победник. Најголем дел од нерешените дуели се на свој терен (10 реми во 17 меча).

Мансфилд не е посебно ефикасен на гости, а есеноска овие две екипи одиграа 1:1, па и сега една од реалните опции е нерешено.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.93)

 

Порт Вејл – Ексетер (20:45 ч.)

Ексетер моментно е на второто место на табелата и се бори за директен пласман во Лига еден, односно во третата англиска лига. Порт Вејл дома ретко губи и сигурно ќе атакува на трите бода и на овој меч.

Интересно е дека на 11 од 12 меѓусебни дуели на овие два тима што ги играле во последните 13 години биле со 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.65)

 

1059 Врексам – Халифакс (20:45 ч.)

Дерби во Националната лига на Англија. Двата тима се во Топ 4 и се борат за пласман во повисок ранг. По 32 одиграни меча, имаат само по шест порази, што значи дека ретко губат.

Двата тима се голгетерски расположени и ова може да биде права фудбалска борба за трите бода.

Предлог тип: ГГ3+ (2.70)

- Оглас -

Најнови вести