Јокиќ ќе има свое шоу против Клиперс

8444 Никола Јокиќ (Денвер нагетс – ЛА клиперс, 03:00 часот)

Денвер минатата средба пред своите навивачи загуби неочекувано високо од Бостон, па вечерва ќе се обиде да се „извади“.

Никола Јокиќ ќе има ново свое шоу пред фановите на Денвер, во походот кон МВП наградата за оваа сезона. Од друга страна, пак, кај гостите и на оваа средба ќе недостасуваат Кавај Ленард и Пол Џорџ, но без оглед на проблемите и отсуството на двајцата најдобри играчи речиси во текот на целата сезона, котираат високо на осмото место на Западот.

Сепак, српскиот кошаркар и вечерва ќе биде главна тема со своите мајстории против тимот од Лос Анџелес.

Предлог тип: Никола Јокиќ >26.5 (1.87)

 

8489 Милвоки бакс – Чикаго булс (НБА, 01:00 часот)

Актуелниот првак пред своите навивачи го пречекува Чикаго, кој е едно од најпријатните изненадувања сезонава.

Јанис Адетокумбо од едната, а Зак Левињ од другата страна се сигурна гаранција за голем интересен натпревар со голем број поени. Јасно е дека фаворитската улога е на страната на домаќинот, но со Чикаго сезонава никогаш ништо не се знае, освен на тоа дека се гледаат навистина атрактивни потези, а и кошеви на Демар де Розан во последните секунди за победа.

Предлог тип: >233.5 (1.91)

 

8001 Орналдо меџик – Голден стејт ворирорс (НБА, 00:00 часот)

Стеф Кари ќе биде аут на оваа гостинска турнеја на Голден стејт, каде што во осум дена ќе одиграат дури пет натпревари.

Но, Клеј Томпсон е тука да ја преземе улогата на лидер и да му донесе неколку важни победи на својот тим.

Орландо е „отпишан“ за оваа сезона и резултатите не им се приоритет, а всушност се надеваат на повисок пик на драфтот за наредната сезона.

Предлог тип: 2 со хендикеп, -7.5 (1.90)

 

8488 Њујорк никс – Атланта хокс (НБА, 00:30 часот)

Њујорк редовно е „тврд“ орев за Атланта, барем во последните години, а и покрај тоа што домаќините имаат неколку отсуства, ништо поразлично не би требало да биде и на оваа средба.

Дерек Роуз, Нерленс Ноел, Кемба Вокер и Камерун Редиш ќе фалат кај домаќините, додека гостите доаѓаат со целиот свој арсенал.

Интересно е на последните пет средби, максималниот број на поени што го постигнале е 107, додека во два наврати имале во просек по 90 поени.

Предлог тип: Т2<114.5 (1.86)

 

8403 Вашингтон капиталс – Сент Луис блус (НХЛ, 00:00 часот)

Во НХЛ има навистина богата програма којашто вреди да се погледне и да се одигра во период кога фудбалските натпревари навистина се во мал број.

Вашингтон и Сент Луис ќе одиграат уште една хокејска класика во походот кон новиот Стенли куп сезонава, иако и двата тима со резултатите се далеку под очекувањата. Тимот од главниот град на САД е осмопласиран во Источната конференција, додека гостите на оваа средба се под број пет на Западот.

Во последните натпревари и на двете екипи ни гарантираат голем број голови, а за да видиме најмалку шест гола, има квота од 1.60.

Предлог тип: >5.5 (1.60)

- Оглас -

Најнови вести