Квотите на денот се за мајстори за кошарка, Евролига-тикетот има коефициент 13.5 (Фото)

Фудбалските симпатизери и тие што се обложуваат на најважната споредна работа на светот со нетрпение го очекуваат историскиот дуел на Македонија, утре против Италија во Палермо, а скромна е понудата со фудбалски натпревари за денеска.

И Квотите на денот на Sport Life се во поинаков мод, кошаркарски со три меча од Евролигата.

Денеска се само тие три натпревари во најсилната кошаркарска лига во Европа, а комбинацијата во Квоти на денот е со вкупен коефициент 13.5.

Жалгирис му е домаќин на Асвел во битката за избегнување на дното на табелата. Литванците никогаш не загубиле од тимот од Лион на домашен терен и предлог е да одиграте дека пак ќе победат, со предност и на полувремето. Коефициентот е 1.92.

Басконија му е домаќин на Фенербахче и е аутсајдер, па предлог е да се одигра 2-2 за квота од 2.70.

Истиот тип е и за третиот меч меѓу Монако и Олимпијакос, а за 2-2 коефициентот е 2.60.

Сите три натпревари може да се одиграат на ист тикет во Sport Life и да се комбинираат во најразлични варијанти со останатите натпревари од понудата во билтенот и дневниот додаток.

- Оглас -

Најнови вести