Италијанците не ја остварија целта, а Чурлинов можеше да ги смрзне

Македонската фудбалска репрезентација во првото полувреме се одбрани од нападите на Италија, резултатот е 0-0 во баражот за Светско првенство.

Италијанците тргнаа агресивно, бодрени од 35-илјадната публика, притиснаа опасно, сакаа што побрзо да го отворат резултатот. Првата опасност на македонскиот тим беше во воведните минути кога, Трајковски повлече една контра, но додавањето кон Милан Ристовски не беше прецизно.

Во првите 15 минути, Италија имаше 72 отсто посед на топката во свои нозе.

По половина час игра, голманот Димитриевски направи голема грешка, но веднаш се извади со добра одбрана и спасување на чист гол по шутот на Берарди. Во 38-мата минута Аѕурите бараа пенал, но немаше игра со рака на Адеми. Веднаш потоа, Италијанците загрешија, Чурлинов се најде во голема шанса, излезе сам пред Донарума, но брзиот Флоренци реагираше добро и го спречи Чурлинов да даде гол.

Во финишот на првиот дел, шанса имаше и Трајковски по контрата која ја почна Барди, но шутот на некогашниот член на Палермо беше преслаб за да се совлада Донарума.

- Оглас -

Најнови вести