Уште еден Русин го продава клубот – Неизбежниот банкрот го доведе до продажба на великанот

По Роман Абрамович кој пред неколку недели објави дека го продава Челзи, уште еден клуб се наоѓа пред слична таква судбина, но причините се сосема различни.

Леонид Федун кој го изгуби најголемиот дел од своето богатство се наоѓа пред банкрот и поради тоа тој ја продава Спартак Москва, еден од најголемите клубови во Русија.

Тој за медиумите во оваа земја изјави дека исчезнало 99 одсто од неговото богатство поради санкциите од Западот, а ваквата одлука е неминовна и таа е со цел да се спаси клубот, но и дој да добие одреден поврат на парите.

Ова е вториот клуб од Русија кој што се соочува со големи финансиски проблеми бидејќи е во целосна приватна сопственост без поддршка од државните компании како што е случајот со ЦСКА Москва или Зенит Санкт Петерзбург. Пред одреден период се појавија информации дека и Краснодар е пред згаснување, по егзодусот што се случи во тимот.

 

- Оглас -

Најнови вести