Торонто и Денвер лесно ќе победат, Чикаго и Кливленд во директна пресметка за место во плеј-офот

Осум интересни меча има вечерва на понудата во НБА лигата, каде што се води голема борба за место во плејофот. Во источната конференција се води голема борба каде петопласираниот Чикаго има 42 победи, а потоа следуваат Кливленд и Торонто со по 41 победа. Во трка се и Бруклин и Чикаго со по 38 победи, додека Атланата има една победа помалку.

Токму Кливленд и Чикаго ќе играат во дербито на вечерва. Сезонава играа три пати и Чикаго два пати го искористи домашниот терен за победи од 101:91 и 117:104, додека Кливленд дома славеше со 115:92.

Торонто не смее да киксира дома против аутсајдерот Индијана, па Рептилите со триумф сигурно ќе напредува една позиција на табелата. Освен Торонто, најсигурен „кец“ треба да биде победа на Денвер против Оклахома. Тимот на Никола Јокиќ е во обид да го задржи шестото место на Западот кое е последно кое води директно во плејофот.

Мемфис кој е втор на Западот е домаќин на вториот од Истокот, тимот на Милвоки. Гризлите дома имаат шест победи во низа и сигурно ќе сакаат да продолжат со радување на своите фанови.

Најдобриот тим на Истокот, Мајами, нареди три порази по ред, па сега иако игра на свој терен, коефициентите велат дека гостинот Бруклин е фаворит за победа. Бруклин е на осмото место на Истокот, па доколку се гледа табелата и целокупниот настап сезонава, одлична шанса е да се одигра кец на Мајами со коефициент од 2.50.

- Оглас -

Најнови вести