Мексиканецот Серхио Перес имаше блескаво возење на квалификациите за трката на Големата награда на Саудиска Арабија и успеа да извози најдобро време кое го позиционираше на пол позицијата пред утрешната трка. Буквално во последните секунди од квалификациите, Перес направи круг со време од 1:28.200 и зад себе го остави двоецот на Ферари, Шарлс Леклер и Карлос Саинц.
Актуелниот светски првак Макс Верстапен заврши на четвртото место, додека најголемо разочарување е Луис Хамилтон кој заврши дури на 16-тото место.
Квалификациите ги одбележа страшната несреќа на Мик Шумахер кој со болидот удри во ѕидот, а потоа мораше со хеликоптер да биде префрлен во болница.