Мечот што треба да е дерби, ќе заврши со двоцифрена разлика, а двојката на Сан Антонио е сигурица

8388 Мемфис – Голден стејт (02 ч.)

Мемфис му е домаќин на Голден стејт во меч кој треба да е дерби поради тоа што играат вториот и третиот на Западот, но домаќините се апсолутни фаворити за победа.

Стеф Кари и Андре Игудала се повредени кај Голден стејт, а тоа е голем хендикеп. Кари не играше на последните пет меча, а Воините загубија четири пати. Ако се знае дека Мемфис е во одлична форма со осум победи во последните девет меча, јасно е дека Гризлите треба лесно да стигнат до триумф, и тоа со двоцифрена разлика.

Предлог тип: 1 хен. 10,5 поени (1.91)

 

8384 Торонто – Бостон (01:30 ч.)

Бостон стана машина за победи, па има 11 триумфи во последните 12 меча. Како награда за тие игри, Бостон сега е најдобар на Истокот, а сега ќе гостува кај опасен ривал.

Торонто се бори да ја задржи шестата позиција, која директно води во плејофот и дома не смее да загуби. Традицијата вели дека Бостон победил на осум од последните 10 меча, па ќе биде интересно да видиме дали Торонто конечно ќе најде „лек“ за овој противник.

Предлог тип: 2 хендикеп 3,5 поени (1.92)

 

8001 Шарлот – Денвер (01 ч.)

Два тима коишто имаат плејоф-амбиции и до крајот на регуларниот дел секој меч им е многу значаен. Шарлот нареди седум победи во последните осум меча и сега е на осмото место на Истокот, па сигурно ќе игра најмалку бараж за плејофот.

Денвер е тим кој игра одлично на гости, а традицијата од последните четири средби вели дека секогаш има најмалку 222 поени на мечот, па и сега очекуваме да се одмине границата од 231,5 поени.

Предлог тип: плус поени 231,5 (1.94)

 

8389 Хјустон – Сан Антонио (02 ч.)

Сан Антонио има само 30 победи во 74 меча, но уште е со шанси да биде во позиција да игра бараж за плејофот. Затоа, Спарси мора да слават на гости кај Хјустон, кој е најслаб тим на Западот само со 20 победи во 75 средби.

Предлог тип: 2 (1.45)

 

- Оглас -

Најнови вести