Полска ја искористи ситуацијата да игра само еден бараж-меч и го доби вечерва против Шведска на домашен терен со 2:0 и ќе игра на Светското првенство во Катар.
Во Хоржов, домаќините беа подобри во второто полувреме и со голот на Роберт Левандовски од пенал во 49-тата минута и на Пјотр Зјелински во 73-тата минута ја надиграа Шведска.
Голот на Зјелински можете да го погледнете ОВДЕ.
Полска не го играше првиот бараж-меч против Русија поради елиминацијата на ривалот од страна на ФИФА од политички причини и по инвазијата на Русија во Украина.
Полска и Португалија, која вечерва ја победи Македонија со 2:0, се пласираа на СП по одигрувањето на бараж-мечевите, а се чека исходот уште на еден бараж.
Велс го чека победникот од дуелот меѓу Шкотска и Украина, што е пролонгиран за во јуни оваа година.