Милионерите се меѓу најголемите фаворити во сабота на Спортска прогноза

Натпреварите од новото 29-то коло од Спортска прогноза се тука и веќе наголемо се типува за прекрасниот „ајфон 12“. Како што е добро познато од претходно, потребно е да се погодат сите 13 натпревари од понудата за да се освои овој прекрасен телефон.

А првата средба во сабота е од 15:00 часот, а се игра во Серија А, и тоа меѓу Специја и Венеција. Интересно е што голем дел од играчите (75.60%) веруваат во домашен триумф.

Сепак, еден од најголемите фаворити од саботната програма во моментов е Борусија Дортмунд, којашто го пречекува Лајпциг. Во триумф на Милионерите веруваат дури 78,21 отсто од играчите, а колку за споредба, само 7.50 сметаат дека гостите ќе си заминат со трите бода.

Олимпик Марсеј го игра дербито со Сент Етјен, а ако се погледне табелата, јасно е зошто 79,22 отсто сметаат во победа на гостите. Гостите се второпласирани со 53 бода, додека домаќините се под број 18 само со 27 бодови.

Учеството во оваа игра, која е во режија на Спорт Манија и Sport Life, е бесплатно, а потребно е да имате SL картичка, за којашто исто така можете бесплатно да аплицирате во еден од уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести