Барселона лесно ќе го добие дербито, Интер со никогаш помали шанси да победи

Само уште еден ден останува за сите оние кои ги немаат одиграно паровите од 29. коло на Спортска прогноза. Три дерби дуели се во фокусот и на сите три домаќините се во фаворитска улога.

Борусија Дортмунд е домаќин на Лајпциг, а преку 75 отсто од прогнозерите веруваат во триумф на Милионерите. Уште поголеми се вербите на прогнозерите дека Барселона на „Камп Ноу“ ќе ја победи Севилја. Над 86 отсто од прогнозерите очекуваат Барселона да ги освои трите бода со кои ќе се искачи на второто место на табелата.

Јувентус и Интер играат во дербито на Италија, а Старата дама има 48 отсто шанси да победи. За реми се 35 отсто, а само 17 отсто веруваат дека Нераѕурите ќе се радуваат во Торино.

Освен овие три дерби дуели, во понудата има уште девет меча. За оној кој ќе успее да ги погоди сите 13 мечеви главната премија е мобилен телефон Ајфон 12.

- Оглас -

Најнови вести