Ливерпул има предност од 3:1 по првата средба со Бенфика и практично е на чекор од обезбедување пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Но, она што може да ги загрижи навивачите на овој тим е формата на Мохамед Салах, којшто на последните пет натпревари има само еден постигнат гол.
„Целата таа ситуација околу новиот договор, како и тоа сè што се зборува за него. Салах во таа ситуација процени дека е подобро сам да завршува и кој било фудбалер да биде на негово место веројатно би постапил исто.
Тој има навистина тежок период и многу притисок на своите рамења, но сè е во ред“, изјави тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Пред Црвените од „Енфилд“ е најзначајниот натпревар сезонава, и тоа против директниот конкурент Манчестер сити, меч којшто најверојатно ќе ја одлучи титулата во Премиер лигата.