Дали Салах сака да му се „одмаздува“ на Мане? (Видео)

Ливерпул со 3:1 славеше на гости кај Бенфика и англискиот тим во реваншот на свој терен ќе треба рутински да ги одработи вторите 90 минути и да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Покрај трите гола што ги постигнаа гостите, еден момент дополнително ги „разгори“ страстите меѓу Мохамед Салах и Садио Мане. Двете најголеми ѕвезди на Ливерпул во изминативе два месеци играа два клучни дуели на репрезентативно ниво и во двата случаи Мане излезе како победник.

Мане со Сенегал прво го победи Египет на Салах во финалето на Африканскиот куп и го освои златото. Пред неполни 10 дена, Сенегал по вторпат го елиминира Египет, овојпат во трката за место на Светското првенство во Катар. Во баражот, двете селекции на свој терен победија со 1:0 и повторно патникот требаше да се решава на пенали и повторно Сенегал победи и се пласира на СП во Катар, додека Салах ќе остане „дома“.

На дуелот во Лисабон, Салах беше во контранапад, во средината го имаше осамениот Мане, но Мо наместо да додаде и да има сигурен гол за Ливерпул, тој шутираше и промаши. Дел од коментарите се дека Салах намерно не сакал да му подаде на Мане за да постигне гол, но факт е дека и Мо од такви ситуации често ги тресел противничките мрежи.

- Оглас -

Најнови вести