Карим Бензема ја игра сезоната на животот и повторно погодуваше и вечерва, и тоа двапати против европскиот првак Челзи, а Реал води со 2:1 во Лондон против Челзи, по првото полувреме во првото четвртфинале во Лигата на шампионите.
Францускиот ас погоди во 21-вата и во 24-тата минута, двапати со глава и му донесе предност на гостинскиот тим од 2:0.
Кај Хаверц постигна гол за надеж во 40-тата минута и на полувремето на „Стемфорд бриџ“ е 1:2 за Реал.
Hand him the Ballon d’Or!!!! The best player in the world!! WOW!#RealMadrid #Benzema #UCL #CHERMA https://t.co/ab4Bp2QHyf
— Dylan (@dylannnnnnnx) April 6, 2022
Бензема сега има 10 гола во ЛШ, во најефикасната сезона што ја игра во кариерата.
https://twitter.com/3peatmadrid/status/1511787147212496897?s=20&t=1hWx31JmZE_rMYAsthSGXw
Вилјареал најави големо изненадување на „Ла Керамика“ и води со 1:0 по првиот дел против Баерн Минхен.