Данџума ги убива гигантите – Го стави и Баерн на списокот со голови, Бензема за 3 минути го декласира европскиот првак (Видео)

Холанѓанецот Арно Данџума игра во извонредна форма и е топ-стрелец на Вилјареал во Лигата на шампионите и во Ла Лига, а вечерва го стави и Баерн на списокот со голови.

Жолтата подморница води против германскиот гигант со погодокот на Данџума во осмата минута.

Холанѓанецот се најде на вистинското место по ударот на Дани Парехо и погоди за 1:0 во првиот четвртфинален дуел со Баерн од предвидениот двомеч.

https://twitter.com/birdiefootball/status/1511783480652443657?s=20&t=1hWx31JmZE_rMYAsthSGXw

Данџума претходно постигна и гол против Јувентус во блескавата победа на Вилјареал во реваншот од осминафиналето во Торино со 3:0, а даде и два гола против Аталанта во последниот меч од фазата по групи во ЛШ.

Со погодоците на Карим Бензема во 21-вата минута и во 24-тата минута Реал веќе води со 2:0 во Лондон против Челзи.

- Оглас -

Најнови вести