Братот на Денис Тот, Борис на социјалните мрежи потври дека ракометарот на РК Бутел починал од срецев удар.
Иако МВР и судска медицина отворија постапка а „вистиномер“ дојде до информации за снимката на која што наводно се гледа дека тој бил удрен од две лица.
„Денис почина од срцев удар, а не од било какви тепачки, телесни повреди или глупости кои што се пишуваат во текот на денот“ напиша Борис на својот профил.
Братот на ракометарот на Бутел настапува во холандскиот шампионат, а според тоа што може да се види, тие двајцата се многу емотивно поврзани.