На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на коешто се гледа како Денис Тот беспомошно лежи откако претходно неколку пати беше удрен најпрво со боксови, а потоа и со клоци пред една скопска дискотека.
Како што може да се види на снимкава, постојат многу сведоци, а нè е само чистачката којашто го забележила. Се поставува прашањето зошто никој не интервенирал да го спречи овој немил настан?
По нападот, хрватскиот ракометар бил префрлен во болница, но таму почина.