Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, е елиминиран од АТП Мастерс турнирот во Монте Карло откако по голема борба и речиси три часа игра, загуби од Алехандро Давидович Фокина од Шпанија. Младиот Шпанец првпат во третиот дуел со Ѓоковиќ се радуваше на победа, и тоа со 6:3, 6:7 (5), 6:1.
Wow.
Alejandro Davidovich Fokina gets the biggest win of his life, beating the world number one Novak Djokovic 6-3, 6-7(5), 6-1 to reach the 3rd round in Monte Carlo.
Djokovic with rare back to back losses (only time he lost back to back matches in 2021 was in Tokyo…) pic.twitter.com/PIxCHBQTJm
— José Morgado (@josemorgado) April 12, 2022
За Ѓоковиќ ова беше прв меч по пауза од месец и пол, а само четврти дуел во 2022 година, а го претрпе вториот пораз. Едноставно, јасно е дека двомесечната пауза на Ѓоковиќ остави трага.
За Алехандро Давидович Фокина ова е највредната победа во кариерата. Шпанецот кој е на 49-тото место на АТП-листата, одлично го почна мечот и поведе со 4:1 во првиот сет и потоа рутински го доигра за 6:3. Во вториот сет, Давидович Фокина поведе со 3:0 во гемови, но Ѓоковиќ се врати и стигна до тајбрејк, каде што по голема борба Србинот беше подобар со 7:5.
Во третиот сет, Ѓоковиќ едноставно ја загуби силата. Ноле сезонава нема континиутет и тоа се виде на овој меч. Шпанецот поведе со 2:0, Новак успеа да одземе еден гем, но потоа Давидович Фокина со одлична игра стигна до 6:1 и победа над најдобриот тенисер во светот.