Како под конец – Вилјареал го нервираше Баерн со ризична тактика и на крајот го нокаутира (Видео)

Влјареал приреди огромна сензација со елиминацијата на Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Шпанците имаа моќно оружје со кое го нервираа германскиот гигант.

Ризично, но многу ефектно дефанзивците на Вилјареал на мајсторски начин ја спроведуваа тактиката за офсајди што ја подготви Унаи Емери.

Класичен пример како функционираше тактиката што го изненади фаворитот е акцијата од 27-мата минута, кога дури седуммина играчи на Баерн беа фатени во офсајд-замката на одбраната на гостите.

Villarreal nice offside trap vs. Bayern 27’ from soccer

Левандовски еднаш успеа да ги надмудри во 52-рата минута, но со голот на Чуквуезе во 88-мата минута Жолтата подморница израмни на 1:1 и го елиминира Баерн со вкупен резултат од 2:1.

Во полуфиналето ги чека победникот од двомечот меѓу Ливерпул и Бенфика, каде што утре ќе се игра реваншот, а англискиот тим има предност од 3:1 по победата во Лисабон.

 

- Оглас -

Најнови вести