Ваков расплет не очекуваше никој – Ќе има продолженија во Мадрид, Вилјареал го шокира Баерн во Минхен (Видео)

Врвен фудбал се играше во двата реванш-дуели во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Продолженија ќе има во Мадрид, на мечот меѓу Реал Мадрид и Челзи, а имаше сензација во Минхен, каде што Вилјареал одигра нерешено 1:1 и го елиминира Баерн со вкупен резултат од 2:1.

Челзи успеа да направи голем подвиг и со победа од 3:1 против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ја анулира негативата по поразот со ист резултат во Лондон.

Актуелниот европски првак го надигра Кралскиот клуб и имаше предност од 3:0, но Реал не дозволи да биде нокаутиран и со гол во 80-тата минута се избори за продолженија.

Стрелци за Челзи беа Мејсон Маунт, Антонио Ридигер и Тимо Вернер, а голот за Реал го даде Родриго.

Продолженија ќе нема во Минхен, иако и таму на прагот беа дополнителни 30 минути. Баерн водеше против Вилјареал со 1:0 до 88-мата минута, но Чуквуезе израмни во финишот и го исфрли од игра за титулата во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести