Омилено јадење на Доминик Тим му е леб и ајвар! (Видео)

Еден од најдобрите светски тенисери, Австриецот Доминик Тим, на прес-конференција во Белград, каде ќе учествува на отвореното првенство на Србија, изјави дека омилено јадење кое го пробал во српската престолнина му е ајвар и леб.

Поради разни повреди, Тим имаше долга пауза од десет месеци, па паднат е на 51-во место на АТП листата, но кога е здрав, тој е во топ 5 во светот. Рече дека во Белград ќе се бори за секој поен, и ќе проба полека да се враќа во форма, а вистинското лице треба да го покаже во мај на „Ролан Гарос“.

Еве ја изјавата во која кажува дека омилено јадење му е ајвар:

https://twitter.com/i/status/1515655953798082571

- Оглас -

Најнови вести