Прогнозерите најавуваат многу саботни „кецови“, а за в недела има и по некоја двојка

Помина половина од времето за типување за 32-рото коло на Спортска прогноза, а веќе се наѕираат фавортите на играчите кои веќе типувале.

Играта е бесплатна и вреди да се одигра, премијата што ја доделува Sport Life е „ајфон 12“ за погодена Тринаесетка. За 12 и 11 погодоци, следуваат ваучери од Sport Life во вредност од 1.000, односно 500 денари.

Она што може да се забележи денеска, но тоа може и да се смени до крајот на типувањето в сабота во 13.30 часот, е дека на сите саботни мечеви, фаворити на поголем број од прогнозерите се домашните тимови.

Така, победа на Арсенал над Манчестер јунајтед очекуваат 47 проценти од играчите, а речиси ист е бројот на прогнозери кои типуваат на победа на домашните во дербијата Интер – Рома и Баерн Минхен – Борусија Дортмунд. За победа на Интер се 78,85 проценти, а во Баерн веруваат 78,97 отсто од играчите.

Баерн ако победи, ќе си ја осигури десеттата титула по ред во Бундеслигата, а Жозе Мурињо со Рома се бори за излез во Европа и ќе проба да го запре својот некогашен клуб на патот кон ново Скудето во Серија А.

И в недела има дуел на тимови од Рим и Милано. Лацио го пречекува Милан, што е последен меч на распоредот во 32-рото коло на Спортска прогноза, а кај овој пар, 58 проценти од прогнозерите се за двојка и победа на тимот кој се бори за титула.

Сезоната е во својот финиш, а тоа значи и дека е интересна и многу неизвесна и битката во Генералниот пласман за шампион на оваа сезона во Спортска прогноза.

Најдобриот пргнозер ќе добие ТВ смарт од 48 инчи, а следните четворица зад него ќе бидат наградени со многу поени за пазарење во Маркетот на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести