Големото англиско дерби од 13:30 часот го отвора новото коло на Спортска прогноза

Новото, 32 коло од Спортска прогноза ќе започне утре во 13:30 часот и тоа со два натпревари, од кои што еден е големото дерби меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед. Практично до тогаш можете да прогнозирате на 13-те натпревари, и да бидете во борба за прекрасниот Ајфон 12.

Мечот кој што во голема мера ќе го одлучи патникот во Лигата на шампионите се игра утре во стандардниот англиски теремин а изненадувачки голем е процентот кој што верува во победа на Арсенал.

Дури 50.32% сметаат дека Топчиите ќе ги задржат трите бода на домашен терен, додека во триумф на Манчестер веруваат само 26.23% од нив. Најмалку (23.45%) сметаат дека на овој меч ќе нема победник.

И вториот натпревар од оваа рунда на Спортска прогноза се игра во истиот термин каде во Бундеслига 2 Шалке 04 ќе го пречека Вердер Бремен во дуелот на некогашните бундеслигаши.

Дури 79.98 проценти сметаат дека тимот од Гелзеркирхен ќе се радува на победата, а на Вердер типуваат само 4.73%.

Како што е добро познато, тиј што ќе успее да ги погоди сите 13 натпревари зса поклон ќе го добие прекрасниот Ајфон 12, додека една утка носи ваучер од Sport Life во вредност од 1.000, а два промашени натпревари носат ваучер од 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести