Ферари е фаворит на „домашните“ квалификации на Имола

Денеска од 17:00 часот ќе се возат квалификациите за четврттата трка сезонава во Формула 1 и тоа на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.

Големата награда за Емилија Ромања ќе биде актуелна овој викенд во најбрзиот спорт, а Ферари се фаворити на домашен терен. Наајпров да потсетиме дека денеска се возат квалификациите, утре по распоредот е Спринт трката во должина од 100 километри.

Додека, пак, главната трка ќе биде во недела од 15 часот.

Како што кажавме, Ферари е фаворит и во квалификациите а квотата за пол позиција на Шарл Леклерк изнесува 2.12, а зад него следува актуелниот првак, Макс Ферстапен за кој со болидот на Ред Бул има коефициент од 2.65.

Како по навика оваа сезона, за седумкратниот првак Луис Хамилтон има квота од 20 за да биде на пол позиција, додека тој да биде во топ три, е со коефициент од 3.15.

- Оглас -

Најнови вести