Одлични коефициенти за победа на фаворитите во НБА

Три меча се играат ноќеска во плејофот од НБА лигата. Мајами и на гостински терен треба да ја потврди доминацијата против Атланта. Жешките беа најдобри на Истокот по регуларниот дел и веќе имаат предност од 2:0 во победи, а ова е последна шанса на Атланта да се врати во игра.

Неизвесно ќе биде и на останатите две средби, каде резултатот е 1:1 во победи. Чикаго е домаќин на шампионот Милвоки. Бакси имаа четири победи во низа во регуларниот дел сезонава, но во плејофот киксираа дома на еден меч и сега Чикаго е во пол позиција.

На Западот, Феникс беше тимот кој во 82 меча имаше рекордни 64 победи, но Сонцата киксираа еднаш дома против Њу Орлеанс, па сега мора да прави рибрејк на туѓ терен.

Освен на трите меча, може да се обложите и на бројот на поени на дури 21 кошаркар во ноќната понуда. Демар Дерозен од Чикаго треба да ја надмине границата од 30 поени за да биде во „плус“, додека првата ѕвезда на Атланта Тре Јанг е со граница од 27,5 поени.

Најголема граница за плус поени има на Јанис Адетокумбо и центарот на Милвоки треба да биде над 34,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести