Со голови само во прво полувреме со 20 денари за пет меча ќари над 1.000 евра

Храбар тикет одигран на голови и тоа само во прво полурвеме, на еден обложувач во Тетово му донесе 1.000 евра со минимални 20 вложени денари. На тикетот има пет меча на кои требало да има барем три погодоци во првото полувреме и сите три беа богати со голови во првите 45 минути.

Женскиот тим на Барселона со 5:1 го победи Волфсбург, а каталонскиот гигант на полувреме веќе водеше со 4:0. Во регионалната лига на Германија, Есен со 3:0 славеше на гости кај Лоте, а сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме. Третиот гол падна во 45 минута.

Во ирскиот фудбал, Рамблерс и Корк Сити одиграа 2:3 во меч на кој гостите на полувреме водеа со 2:1, додека Дери Сити немаше милост против УЦ Даблин и славеше со 7:1, откако на полувреме беше 5:0.

На тикетот погоден е и мечот од женското првенство на Холандија меѓу Алкмар и ПСВ. Алкмар на полувреме водеше со 2:1, а на крајот ПСВ славеше со 3:2.

Тикетот кој е уплатен во петок, има и 10 отсто бонус благодарение на Sport Life менито, кое за тикетите уплатени во петок на повеќе игри на голови, нуди дополнителен бонус.

- Оглас -

Најнови вести