Гол за Арсенал, бодови за Ливерпул

Ѓорѓи Христов во овој период има многу работа со ангажманот во Спорт Манија, како наш редовен гостин со анализи и предлог типови во Премиерлигата. Во Англија се игра нон-стоп и празнично, а некогашниот играч на Барнсли останува на готовс и за двете кола што се играат едноподруго за помалку од 48 часа, пред и по Нова година.

Денеска и утре на ред е 20. коло во англиското првенство, а веднаш потоа на први и на втори јануари ќе се игра 21. рунда.

За крај на 2018 година директорот на Академијата на Вардар за вас подготви пет предлог типови од Премиерлигата.

 

Фулам – Хадерсфилд (Сабота, 16 часот)

Време е Фулам да ја прекине црната серија од шест меча без пораз, а меч против Хадерсфилд е вистинска шанса за пресврт. Гостите имаат 6 порази по ред, па ова ќе биде дуел на две екипи што се на последните две места на табелата и се во најлоша форма од премиерлигашите.

Фулам потроши многу пари во летниот преоден рок, Раниери се обидува да ги среди работите, а верувам дека сега и ќе се радува на победа со неговите играчи.

Предлог тип: 1 (2.12)

 

Лестер – Кардиф (Сабота, 16 часот)

Лестер е во победнички тренд, успесите против Челзи и Манчестер сити носат убава атмосфера во таборот на популарните „лисици“ и тие ќе се обидат да го искористат моментот и да комплетираат хет-трик пред Нова година.

Кардиф има три меча во низа без победа и има многу мали шпанси да го изненади разиграниот тим на Лестер.

Предлог тип:1&3+ (2.55)

 

Ливерпул – Арсенал (Сабота, 18.30 часот)

Ливерпул е во таков налет што ми се чини дека во моментов не постои клуб што може да го победи лидерот во Премиерлигата. Со серија одлични игри и победи си направија фантастична атмосфера што се чувствува, а кога е така тоа е дополнителен ветар в грб за клубот да продолжи со успеси.

Арсенал го има истиот проблем како и во претходните години. Игра напаѓачки, но и премногу нестабилно за да биде конкурент за титулата. Можат да му дадат гол на Ливерпул, но домаќините ќе победат.

Предлог тип: 1&ГГ (2.80)

 

Барнли – Вест Хем (Недела, 15.15 часот)

Барнли си го плаќа данокот на играњето во Европа, а тоа некако беше и очекувано. Имаа многу повредени играчи, сезоната им почна порано и логично е во такви услови побрзо да ги стаса заморот. А, сега се игра и во забрзано темпо во Премиерлигата, што очигледно не му одговара на скромниот состав на Барнли. Поразот од Евертон од 1:5 во минатото коло на некој начин е само потврда дека Барнли е во голема криза.

Вест Хем има пет победи на последните шест натпревари, иако и тие имаат сериозни проблеми со повреди на играчите. Но, и без Арнаутовиќ, Чичарито, Ланцини, Балбуена, Вилшер, Јармоленко и уште неколку отсутни играчи го надиграа и победија Саутемптон во минатото коло и очекувам и сега да најдат сили за нов триумф.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

Манчестер јунајтед – Борнмут (Недела, 17.30)

Манчестер јунајтед се консолидира со две победи, а верувам дека и третата е на ред. По Кардиф и Хадерсфилд, ова е најтешкиот тест за Оле Гунар Солскјер и неговите избраници, во пост ерата без Жозе Мурињо на клупата.

Атмосферата драстично се подобри, Пол Погба се разигра и полека се враќа во препознатлив стил на игра, како и неговите соиграчи. Јунајтед има солиден квалитет, а му доаѓа Борнмут со два тешки порази од Ливерпул и Тотенхем, и без постигнат гол на последните три гостувања.

Верувам дека домаќините ќе ја искористат својата добра форма и лошиот период на гостинската екипа за уште една победа под команда на Солскјер.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести