Maјсторијата на Мертенс му донесе три бода на Наполи (видео)

Наполи успеа да ја надигра Болоња со конечни 3-2 на „Сан Паоло“. Избраниците на Карло Анчелоти добро се намачија да ги освојат трите бода и да го преродат болниот пораз од Интер од минатото коло.

Полскиот голгетер, Аркадиуз Милик во 16-тата минута погоди за прва предност на Наполи, а Сантандер во 37-та минута го израмни резултатот. Полјакот и во второто полувреме беше прецизен, па во 51-та минута одново ги израдува домашните навивачи. Но, Болоња и втор пат израмни, а Данило беше стрелецот на голот.

Сепак, последниот притисок и обид да се стигне до посакуван резултат беше круцијален за „наполитанците“. Се играше 88-та минута кога Дрис Мертенс изведе мајсторија од далечина, и ги освои бодовите за неговата екипа.

По 19 средби Наполи бележи 44 бода и повторно се врати на -9 во однос на лидерот Јувентус. Болоња влезе во негативна серија од пет меча без победа, а по вкупно 10-от пораз сезонава во Серија А, се наоѓа на 18-тото место со само 13 освоени бода.

https://www.youtube.com/watch?v=iFouz6T8VBA

- Оглас -

Најнови вести