Покетино е 100 отсто сигурен околу неговата и иднината на Мбапе

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, најави дека планира да остане на чело на тимот и за следната сезона. Аргентинецот има договор со Светците и денеска ги демантираше сите шпекулации дека ќе си замине на крајот од сезоната.

Освен дека тој останува, Покетино кратко прокоментира дека во клубот останува и Килијан Мбапе, што реално е малку веројатно.

„Останувам 100 отсто во ПСЖ, исто како Мбапе“, изјави Покетино, кој викендов што измина се израдува на титула во француското првенство, но, сепак, сезоната не е многу успешна за францускиот тим затоа што испадна уште во осминафиналето во Лигата на шампионите, натпреварување кое е нивен главен приоритет.

- Оглас -

Најнови вести