Меси е најслаб реализатор на шанси во Топ 5 лигите во Европа

Лионел Меси ја комплетира првата сезона во дресот на Пари Сен Жермен, која дефинитивно не може да се нарече дека е успешна. Аргентинецот кој по повеќе од 20 години поминати во Барселона, реши да си замине и да го облече дресот на францускиот тим, едноставно не се снајде во новата средина.

Според статистиката на „Whoscored“, шестркатниот освојувач на Златната топка има реализација од само 8,3 отсто на шансите кои ги имал за постигнување погодок. Тоа е најслаб процент меѓу 165 фудбалери од најсилните пет лиги во Европа, кои барем 10 пати биле во ситуација да постигнат погодок.

Меси сезонава одигра 22 меча во француското првенство, а постигна само четири гола, но имаше и 13 асистенции. ПСЖ ја освои титулата во Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести