Велешанец освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден близу 8,5 милиони денари

Седмиот СУПЕР МИЛИОНЕР на Видеолотарија Касинос Австрија во 2022 година, донесе уште една интересна, среќна приказна.

Среќникот од Велес е играч кој често знаел да се забавува со игрите на Видеолотарија Касинос Австрија, но на 28-ми април забавата прераснала во еуфорија, бидејќи го освои најпосакуваниот ЏЕКПОТ, вреден 8.464.483 денари.

Некои луѓе имаат среќни бројки, други среќен ден во неделата, а најновиот СУПЕР МИЛИОНЕР имал среќно место на видеолотариските терминали, и тоа го оправдало тој епитет.

„Нашиот соработник, Банана кицк ќе остане омилената локација во Велес на нашиот најнов СУПЕР МИЛИОНЕР добитник. Тој го освои најпосакуваниот ЏЕКПОТ во Македонија во четвртокот, на 28 април, приредувајќи вистинска еуфорија кај сите присутни.

Дојде во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија и ни пренесе како изгледало тоа среќно попладне“ – велат од Видеолотарија.

„Јас секогаш играм на една иста локација. Играм често, па и добивките често ме радуваат. И овој пат го видов сигналот за добивка, ама прво мислев дека освоив некој од помалите џекпоти. После гледам дека е нешто повеќе, па помислив дека е МИЛИОНЕР, зашто и тој беше за паѓање, кога на крај сфатив дека сум добил СУПЕР МИЛИОНЕР. Почнав да викам од радост, имаше општа еуфорија, врескање“ – раскажа добитникот, кој не сакаше да го открие својот идентитет, а секогаш играл само две игри: Flaming Hot и Burning Hot. Овој пат среќна му донесе играта Burning hot.

Сумата од 8.464.483 денари е повеќе од доволна за исполнување на многу желби, меѓутоа тој уште нема направено план.

„Ќе видиме како ќе ги трошам. Прво сакам да ги видам парите, па потоа ќе испланирам“ – прокоментира, нагласувајќи дека и понатаму ќе продолжи да игра, на своето среќно место и своите среќни игри.

- Оглас -

Најнови вести