Новак Ѓоковиќ доби покана за настап на турнирот „Купот на мирот“, којшто ќе се одржи во Москва. На турнирот ќе бидат повикани тенисери од Казахстан, Турција, Белорусија, Кина, Узбекистан и други земји.
„Планираме да го повикаме Новак Ѓоковиќ на турнирот којшто планираме да го организираме, а на него да има и тенисери од Казахстан, Узбекистан, Турција, Кина, Белорусија и други земји.
Новак покажа дека има став, тој е најдобар тенисер на денешницава и затоа сметам дека треба да добие покана“, изјави Владимир Камелзон, претседателот на Руската тениска федерација.