Во ПСЖ „вријат“ – Една од големите ѕвезди јавно си призна дека навива за Реал Мадрид

Екипата и навивачите на Пари Сен Жермен сè уште не можат да ја пребродат елиминацијата на својот тим од Реал Мадрид.

Францускиот тим, беше првата од трите „жртви“ на најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, а изјавата на Леандро Паредес ги изнервира навивачите и раководството на овој тим.

„Имам почит за ПСЖ, но желбата на скоро секој фудбалер е да го облече тој дрес и да заигра за Реал Мадрид, тоа е тимот за кој навивам.

Среќен сум во Париз, но како што кажав сакам еден ден да играм за Реал Мадрид“ изјави Паредес.

Играчот од средината на теренот има актуелен договор до наредната сезона, но, ваквата изјава нè е добро примена од страна на челните луѓе во ПСЖ, па затоа најверојатно на лето ќе биде продаден.

 

- Оглас -

Најнови вести