Почина НБА кошаркарот кој беше идол на многумина

Некогашниот НБА кошаркар, Боб Ланир почина на 74-годишна возраст. Кошаркарот кој беше избран како прв пик на драфтот во 1970 година, прво го облече дресот на Детроит пистонс, каде играше една цела деценија.

По заминувањето од Детроит, четири години играше за Милвоки, а потоа реши да стави крај на богатата кариера. Ланир дури осум пати беше дел од Ол-старот во НБА, а на мечот во 1974 година беше прогласен за МВП на мечот.

Двата клуба за кои играше, Детроит и Милвоки го имаат повлечено дресот со бројот 16, со кој Боб настапуваше. Според податоците на Лигата, Ланир во кариерата постигна 19.428 поени, а имаше и 9.698 скока и 1.100 блокади.

На центарската позициј Ланир водеше жестоки битки со Карим Абдул-Џабар, а според некои информации, токму Боб бил идолот на Шекил О’Нил, Чарлс Баркли Мозес Мелоун и многу други славни кошаркари.

Ланир е дел од Куќата на славните во НБА.

 

- Оглас -

Најнови вести