ВАР на колумбиски начин (Видео)

Имплементацијата на технологијата ВАР во Колумбија донесе смешни сцени на еден аматерски натпревар во таа земја, а снимките станаа хит. Кога главниот судија одеше да „ја гледа снимката“ од спорниот момент, беше обиколен од љубопитни навивачи, кои исто така сакаа да видат кој е во право.

Помошта од видеоснимките е воведена во фудбалот со цел да се исправат грешките на судиите, оваа технологија веќе има широка примена, а понекогаш „се користи“ и на аматерски мечеви, како овој во Колумбија.

Како што може да се види на снимката, мечот се играл на песок, а во 70-тата минута од дуелот помеѓу Амигос де кампо Боливар и Амигос дел парке (едната екипа беа жители на местото, а во другата беа професионални фудбалери), судијата побара да гледа снимка пред да досуди пенал за гостите кои го добија мечот со 4-2. Телевизорот беше сместен во еден параван од картон, како оние на гласачките места, но сцената беше смешна и освен судијата, кој прифати да биде дел од спектаклот, и навивачите гледаа во телевизорот.

Заклучокот од ова е дека Колумбијците знаат да се шегуваат.

https://www.youtube.com/watch?v=JcE02YxUOfM

- Оглас -

Најнови вести