Воска спорт и Беласица одат во бараж, Вардар останува второлигаш!

Драматичната завршница на вторите лиги, ги определи двата тима (Воска спорт и Беласица) кои во вторник ќе ја чекаат ждрепката, за да видат кој ќе игра со Скопје, а кој со Тиквеш во баражот за место во првата лига.

Најтрофејниот клуб, Вардар, и во следната сезона ќе биде второлигаш. На вардарци им требаше победа над Кораби и пораз на Воска од Силекс, но не се случи ниту едното, ниту другото.

Во Кратово, Силекс и Воска ремизираа 1-1. Пред почетокот на мечот, гостите приредија шпалир за кратовци. И Вардар одигра 1-1 против Кораби.

Во втората лига исток, Беласица го потврди второто место со победа над Кожуф.

- Оглас -

Најнови вести