Чудесниот тандем на Шалке 04 – По фудбалската бомба, најубава во Цвајта, Даре и Залазар се хит со „Ла Бамба“ (Видео)

Родриго Залазар и Дарко Чулинов заедно ја креираа најубавата фудбалска бомба во германската Цвајта и голот на Уругваецот на асистенција на македонскиот репрезентативец е вистинско чудо.

Залазар погоди од неверојатни 60-на метри на асистенција на Чурлинов, а тандемот за победи на Шалке 04 потоа покажа дека има талент и во музиката.

Заедно во тандем, Чурлинов и Залазар за навивачите на Шалке 04 кои се шампиони во Втората германска лига и од следната сезна ќе играат во Бундеслигата ја пееја „Ла Бамба“, голем хит на Ричи Валенс.

И тоа го направија одлично, а симпатизерите на Шалке 04, но и останатите вљубеници во најважната споредна работа на светот со многу симпатии го коментираа и фудбалскиот и музичкиот перформанс на македонско-уругвајскиот тандем на тимот од Гелзенкирхен.

Чурлинов играше во Цвајта за Шалке 04 како позајмен играч од Штутгарт, па се уште не се знае дали ќе продолжи во тимот од Гелзенкирхен, или ќе се врати во екипата чиј член е под договор, но сигурно ќе игра во Бундеслигата во следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести