Лорис Кариус во 2018 година стана светски популарен голман, но не по неговите одбрани, туку поради киксовите кои ги правеше. Во минатата сезона беше на голот на Ливерпул, а во финалето на Лигата на шампиони направи две неверојатни грешки и едноставно му го подари трофејот на Реал Мадрид.
Потоа замина во Бешикташ, каде што продолжи со киксовите. На неколку меча направи грешки што нема да ги направи ниту голман-почетник. Ако не му одеше најдобро на теренот, Кариус може да се пофали дека беше одличен надвор од теренот. Од неодамна е во врска со германскиот топ модел Софија Томала (29 години).
Лорис и Софија моментно се во Мајами, каде што заедно уживаат. Софија може да се пофали дека во 2010 година беше избрана за трета најубава девојка во светот според FHM.