Ѓоковиќ: Некоректно е ова што ми се прави!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, откри дека сепак ќе игра на Вимблдон, иако нема да добие поени за настапот, но потенцираше дека е разочаран што од политички причини, годинава му е забрането да брани 4.000 АТП поени од лани, на Австралијан опен и Вимблдон.

Во Австралија не му беше дозволено да игра бидејќи не е вакциниран против Ковид-19, а Вимблдон ќе се игра само за пари и трофејот, не и за поени, како казна од АТП кон организаторите што им забранија настап на Русите и Белорусите.

„Вимблдон е посебен грен-слем турнир за кој сонував уште како дете, и не гледам на него како на награден фонд. Ќе одам таму, но со оваа погрешна одлука на Вимблдон, губат сите. Ова е некоректно кон мене и кон сите кои лани имаа одлични резултати на Вимблдон. Губам поени, а не можам да ги бранам поради политика. Лично годинава губам 4.000 поени бидејќи не ми дозволија да играм и во Австралија“ – вели Ѓоковиќ кој со губењето на 2.000 поени на Вимблдон, ќе го загуби првото место на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести