Апсолутниот рекордер се уште има топ во рацете – Инсер со 23 аса се пласираше во третото коло на Ролан Гарос

Џон Иснер се уште има моќен сервис и на 37-годишна возраст се уште го користи своето најдобро оружје и денеска со 23 аса го елиминира Грегори Барер со победа од 3:1 на Ролан Гарос.

Иснер е веќе ветеран, а го играше највозбудливиот и најдолг меч во историјата на тенисот, кога во 2010 година на Вимблдон го победи Никола Маи со 3:2 во сетови, во дуел што траше вкупно 11 часа и пет минути и тоа во тридневна битка.

Последниот сет беше антологиски и заврши со 70:68, а Иснер постави светски рекорд со 113 директни поени од сервис.

Сега го чека противникот во третото коло на Ролан Гарос, а тоа ќе биде победникот од дуелот меѓу Тејлор Фриц и Запата Миралес.

Денеска уште една гренслем шампионка ги заврши натпреварите на турнирот во Париз, а испадна Ема Радукану, победничката на САД опен лани.

Подобра од неа беше Алаксандар Саснович со 2:1 во сетови и се пласираше во следната рунда на единствениот гренслем што се игра на земјана подлога.

 

- Оглас -

Најнови вести