Ристовски и Адеми го дознаа новиот постојан тренер на Динамо Загреб

Раководството на Динамо Загреб одлучи привремениот тренер Анте Чачиќ да остане и во наредната сезона кормилар на овој клуб.

Стратегот чиј што договор истекуваше на крајот од оваа сезона, задоволи со резултатите и игрите и ги доби симпатиите на челниците.

„Чест ми е што ќе останам и во следната сезона да го водам најдобриот хрватски клуб. Се надевам дека ќе направиме уште поголеми успеси“ изјави меѓудругото Чачиќ.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе продолжат да бидат водени кон нови успеси од некогашниот селектор на Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести