Шпанците го молат Надал: Немој никогаш да си заминеш, по мечот што почна во мај и заврши во јуни

Спектакуларното четвртфинале меѓу Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ е главен настан во светските медиуми, и тоа апсолутно заслужено по битката од 4 часа и 12 минути на „Филип Шатрие“ на Ролан Гарос на двајца блескави тенисери.

Победи Шпанецот со 3:1 во сетови на меч кој почна во 20.45 часот на 31 мај, а заврши по полноќ во 1 часот и 15 минути на 1 јуни.

„Почнаа во мај, а завршија во јуни“ е насловот на српскиот „Блиц„ за новиот епски дуел на двајцата тениски великани.

Подобар беше Надал, кој е неприкосновен владетел во Париз, на Ролан Гарос. Неверојатна е енергијата на 36-годишниот тенисер, кој имаше здравствени проблеми и претходно се жалеше дека има проблеими со дишењето, а пред четвртфиналето и на повреда на стапалото и најави дека можеби го игра и последниот меч во Париз.

Има шанса само да го подобри веќе уникатниот рекорд од 13 титули на Ролан Гарос, подвиг што го нема ниту еден тенисер на ниту еден гренслем во историјата на играта.

Надал во своето тениско царство има шанса со уште две победи против Зверев во полуфиналето и потоа во финалето да ја освои и 14-тата круна во Париз, а Шпанците и буквално го молат никогаш да не престане да игра тенис.

„Немој никогаш да си заминеш“ е насловот на „Марка“ по брилијатниот меч меѓу Надал и Ѓоковиќ.

Играа по 59-ти пат и сега скорот е 30:29 во победи за Новак, а двајцата се дел од најдобриот и најтрофеен трилинг на тенисери со најмногу гренслем-титули.

Заедно Надал, Ѓоковиќ и Федерер имаат дури 61 гренслем-титула, а ако Рафа победи повторно на Ролан Гарос, ќе има 22, односно две повеќе и од Новак и од Роџер.

 

- Оглас -

Најнови вести