Елмас: Да ја подобриме реализацијата и ќе победиме

Елиф Елмас треба да биде еден од главните играчи во нашата репрезентација на дуелот против Гибралтар. Фудбалерот на Наполи верува дека Македонија ќе ја поправи реализацијата во играта и дека на крајот ќе се радува на трите бода на ова гостување.

„Дојдовме да одиграме како што треба и да ги освоиме трите бода. На дуелот против Бугарија ни недостасуваше реализација. Промашивме многу шанси и затоа не победивме. Сега реализацијата треба да биде на вистинско ниво, не само на мечот со Гибралтар, туку и на следните два кои нè очекуваат. Тоа што ќе играме на вештачка трева ќе претставува мал проблем за нас, но мораме да играме на победа“, рече Елмас на прес конференцијата пред средбата.

- Оглас -

Најнови вести