Рутински победуваат и главните ривали на Македонија

Двата главни фаворити во нашата група на ракометниот Мундијал, Хрватска и Шпанија лесно ги победија ривалите Црна Гора и Полска во пријателски мечеви и потврдија дека се подготвени за искушенијата на турнирот, што во првата фаза ќе се игра во Минхен.

Хрватите ја декласираа Црна Гора со 34:22, а Шпанците ја победија Полска со 34:28.

Избраниците на Лино Червар со ефектна игра во второто полувреме ја нокаутираа Црна Гора, а Штрлек ги предводеше со 6 погодоци. По првото полувреме на мечот на „Кроација куп“ домаќините водеа со 14:12. Потоа се разлетаа по теренот и второто полувреме го добија со 20:10 за убедливи 12 голови разлика на крајот.

Карачиќ постигна пет голови, а Хрватска во финалето на турнирот ќе игра со Италија.

Шпанците  на сличен начин како и Хрватите со подобра игра во второто полувреме ја победија Полска.

Мечот почна славенички за Сармиенто, кој го прослави стотиот меч за „црвената фурија“. Гостите одлично се држеа во првите 30 минути и заостануваа за само еден гол зад Шпанците. Но, потоа се разигра „фуријата“ ги доби вторите 30 минути со 17:12 и најави дека во добра форма ќе патува за Минхен.

Против Хрватска ќе играме на 14. јануари, а против Шпанија ќе играме два дена подоцна.

- Оглас -

Најнови вести