Убава вест за Медведев, Американците му дозволија да ја брани титулата на последниот гренслем

Тениската асоцијација на САД објави дека руски и белоруски тенисери ќе може да учествуваат на овогодишното издание на Отвореното првенство на САД, последниот гренслем-турнир во сезоната.

Ова значи дека ланскиот шампион Данил Медведев ќе има прилика да ја брани титулата. Сепак постои услов, а тоа е руските и белоруските претставници да се натпреваруваат како самостојни учесници.

Ова се добри вести за новиот светски рекет број 1, на кој пак поради војната меѓу Русија и Украина, не му е дозволено да се појави на Вимблдон, како и на останатите руски тенисери и тенисерки.

Отвореното првенство на САД е предвидено да се одржи од 29 август до 11 септември.

- Оглас -

Најнови вести