Во тенисот ова не се случило од 2003 година

Новак Ѓоковиќ ја заврши доминацијата на АТП-листата и од понеделникот е симнат од првото место во светскиот ранкинг. Србинот падна дури на третото место, а токму овој пласман донесе до крај на една неверојатна доминација.

За првпат по ноември 2003 година, на едно од првите две места на АТП-листата нема едно од трите најголеми имиња во историјата на тенисот, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. На водечките две позиции сега се Данил Медведев и Александер Зверев.

Рафаел Надал моментно е на четвртото место, додека Федерер веќе не е ниту во Топ 50, па моментно е на 68-мото место на АТП-листата.

Доминацијата за еден од Федерер, Надал и Ѓоковиќ да бидат меѓу најдобрите двајца во светот започна на 17 номеври 2003 година, кога Федерер со 22 години првпат се искачи на второто место на АТП-листата. Во тој момент Надал имаше 17 години и беше на 47-мото место во светот, додека Ѓоковиќ, кој имаше само 16 годиник се наоѓаше на 676-тата позиција.

Надал за првпат дојде на второто место на 25 јули 2005 година, додека Новак меѓу најдобрите двајца првпат стигна на 1 февруари 2010 година. Оваа голема тројка во тенисот доминира речиси 20 години, а од понеделникот по толку години, меѓу најдобрите двајца нема едно од имињата на Ѓоковиќ, Надал и Федерер.

- Оглас -

Најнови вести